
Уметноста на покривањето со бакар
Покривите не се само функционални елементи на градбите тие се сведоци на времето, носители на историјата и заштитници на духовните светилишта. Кога станува збор за црковната архитектура, особено за куполните конструкции, материјалот што се користи не смее да биде компромис, туку избор на долговечност, естетика и традиција. Во нашиот најнов проект, ja имавме честа да работиме на куполата на црквата Св. Атанасиј Велики, применувајќи фалц бакарен систем – техника која комбинира стар занает со модерна прецизност.
Прецизност и мајсторство на 15 метри височина
Понекогаш треба да сте мајстори но за некој работи мора да сте уметници, работата на црковните куполи претставува предизвик сам по себе. Плочата на куполата беше само 6цм и освен сложената геометрија и бројните нерамнини, тука е и височината што бара исклучителна концентрација и безбедност при секој чекор. Внимателно ја оформивме, обликувавме и монтиравме секоја бакарна плоча, користејќи фалц техника, која гарантира:
Вековна трајност – Бакарот не е само материјал, туку инвестиција што трае над 100 години, станувајќи сè поубав со текот на времето. Богата естетика – Од сјајно портокалова до благородна зелена патина, бакарот раскажува приказна што се менува низ децениите. Така и во овај случај за нас овој проект беше спојување на сегашноста и минатото затоа што нашиот главен мајстор ги работеше и главните куполи на самата црква, па тоа ни додаде дополнително задоволство во овој проект.
Традицијата и времето ја обликуваат убавината
Она што е уникатно кај бакарот е неговата способност да се трансформира. Денес, куполата сјае во топли метални нијанси, но со годините ќе ја добие препознатливата зелена патина што ја краси многу историски храмови низ светот. Оваа природна промена не само што го зголемува нејзиниот визуелен карактер, туку ја зајакнува и нејзината отпорност. Во овој проект, не направивме само покрив – создадовме дело што ќе сведочи за нашето време, мајсторство и почит кон сакралната архитектура. Секој фалц, секоја бакарна плоча е дел од една подолга приказна, приказна што ќе ја читаат генерации што доаѓаат.